Дали знаевте дека бебето во стомакот најмногу сака слатки вкусови?

При раѓањето, бебињата ги имаат развиени речиси сите сетила.

Дознајте како се развива сетилото за вкус додека бебето се уште е во вашиот стомак.

Бебето и во стомакот има развиено сетило за вкус, а најмногу му се допаѓа слаткиот вкус. Експертите сметаат дека сетилото за вкус се појавува околу 14-та недела од бременоста.

Истражувањата покажуваат дека фетусот почесто голта слатко, а бројот на голтања ќе се намалува со горчливите и киселите вкусови.

Новороденчето има силно развиено чувство за вкус и веднаш јасно покажува кои вкусови ги претпочита.

Бебето ги чувствува во стомакот вкусовите на храната

За време на бременоста често се појавува неопислива желба за одредена храна.

Дали ова значи дека бебето ќе сака солено ако мајката е луда по помфрит за време на бременоста? Хранливите материи од храната стигнуваат до плодот преку плодовата вода, која околу 20-тата недела почнува да чувствува вкусови, но и мириси каков што е чадот од цигари.

Едно истражување покажало дека бебињата на мајките кои јаделе моркови за време на бременоста повеќе сакаат моркови отколку бебињата чии мајки не јаделе многу зеленчук.

Зошто е добро да се јаде чоколадо за време на бременоста?

Само малку чоколадо секој ден за време на бременоста придонесува за здравјето на системот на крвните садови на фетусот, тврди новото истражување.

А парче чоколадо на ден може да го намали ризикот од прееклампсија, потенцијално фатална состојба во која трудниците со нормален крвен притисок наеднаш развиваат опасно висок крвен притисок.

бременоствкусови