Родителите сè уште можат да им ги пуштаат овие анимирани филмови на своите деца преку своите профили, но ќе ги дочека пораката: „Оваа програма вклучува негативни прикажувања и/или злоупотреба на луѓе или култури“
Според истражувањето на OnBuy.com, 18 отсто од родителите не се свесни колку некои филмови на Дизни се несоодветни и застарени. Но, 62 отсто од нив истакнуваат дека немаат проблем да гледаат ваков тип на филмови, а повеќе од половина би им дозволиле на своите деца да ги гледаат.
„Мислам дека не треба да се обидуваме да ги заштитиме децата од сè. Овие филмови се направени во други времиња и сѐ додека можете да му објасните на детето и да го научите дека одредено однесување не е прифатливо, не гледам ништо погрешно во тоа“, вели еден родител, а пренесува The Parents.
Друг сепак забранува одредени филмови во својот дом: „Не сакам моите деца да ги гледаат тие стари филмови. Имам син и ќерка и не сакам ниту еден од нив да ги гледа тие ставови кон жените или улогите што ги преземаат. Поради комбинацијата со ужасни расистички стереотипи, таа содржина им е забранета на моите деца“.
Еве ги најнесоодветните анимирани филмови на Дизни, според родителите:
Приказна за играчките 3
Бамби
Малата сирена
Книгата за џунглата
Снежана
Мачки од високото општество
Фантазија
Убавицата и ѕверот
Петар Пан
Дамбо.
Дали вие им дозволувате на децата да ги гледаат овие филмови?
[…] Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“. […]