Вo неодамнешното истражување на 268 момчиња на возраст од две до 18 години, кои биле на Одделот за педијатриска ендокринологија на Универзитетот Катанија во Сицилија поради контрола на телесната тежина, истражувачите откриле дека момчињата со нормално ниво на инсулин имале двојно поголем волумен на тестисите од момчињата со покачени нивоа на инсулин.
Кај момчињата кои имале прекумерна тежина, односно биле дебели, отпорноста на инсулин влијаела на значително намалување на волуменот на тестисите во споредба со другите момчиња кои немале проблеми со тежината. Исто така, одамна е познато дека оваа појава го зголемува ризикот од неплодност кај возрасни мажи.
„Волуменот на тестисите е директно поврзан со квалитетот на спермата и обично е добар показател за хормоналната функција“, вели докторот Алекс Роблс. Како што објаснува, постојат податоци кои откриваат дека неплодните мажи во просек имаат помал волумен на тестисите во споредба со плодните мажи.
„Ова може да го видиме и кај мажите кои земаат егзогени анаболни стероиди бидејќи по некое време тие престануваат да произведуваат сопствен ендоген тестостерон, што на крајот доведува до намалување на волуменот на тестисите и производството на сперма“, додава тој.