За добар почеток на училишниот ден, многу е важно да обезбедите доволно енергија, што значи дека никогаш не треба да го прескокнувате појадокот.
Појадокот е многу важен оброк – може или да ви го разубави денот или да ви го наруши.
Кај децата на училишна возраст често се јавува хипогликемија како последица од прескокнувањето на појадокот.
Девојчињата кои сакаат да ослабат, го прескокнуваат најважниот оброк, но тоа никако не е начин да се реши проблемот.
Кога децата не појадуваат, немаат доволно шеќер во крвта, а тогаш и нема внимание на часовите, велат експертите.
Според нив, секогаш кога ќе го прескокнете појадокот го успорувате метаболизмот и сè што сакате да направите добро на крајот не се случува. Многу е важно сите да појадуваме, особено децата кои растат и се развиваат.
Многу истражувања покажаа дека децата кои го прескокнуваат првиот утрински оброк имаат полоши резултати од тестовите од оние кои појадуваат наутро.
За квалитетен појадок изберете житарки со млеко, овошје, јогурт и интегрални печива.