Дедо отишол по внукот во градинка, дома однел погрешно дете

Неименуван маж отишол да го земе внукот од градинка во Сиднеј и по грешка земал дома погрешно дете, што довело до истрага во институцијата, а еден воспитувач бил суспендиран.

Дедо случајно го земал погрешното дете, кое спиело во тој момент и го однел дома со себе, а воспитувачите ја откриле грешката дури кога мајката на момчето дошла да го земе и сфатила дека го нема, објавува Гардијан.

„Не можам да го објаснам чувството. Не го обвинуваме. Не сме лути на него, ја обвинуваме градинката“, рекла мајката на едногодишното дете кое погрешно било однесено.

Сопругата на дедото што го зел момчето изјавила за „Sidnej Morning Herald“ дека грешката го вознемирила нејзиниот сопруг и дека тој брзо го вратил едногодишното дете кога сфатил дека има погрешно дете со себе.

„Многу сум среќна што малото беше добро“, рекла таа, додавајќи дека нејзиниот сопруг пристигнал во центарот за да го земе внукот кога децата спиеле, а собата била темна.

Австралиската регулаторна агенција за образование и грижа за деца соопштила дека спроведува „темелна истрага“ за „длабоко загрижувачкиот и сериозен инцидент“, пренесува Танјуг.

Агенцијата додаде дека полицијата на Нов Јужен Велс била известена, но полицијата соопштила дека нема евиденција за полициската истрага.

Триша Хасти, вработена во градинката „Први чекори“, им се извинила на семејствата за инцидентот, кој го опишала како „изолиран инцидент“.

„Ова никогаш порано не се случило во (предградието) Бангор, ниту во кој било од нашите центри“, рекла Хасти.