Труди Стајлер, сопругата на славниот Стинг, сподели видео од својот сопруг на социјалните мрежи за да го прослави Денот на татковците.
Во видеото е споделен еден убав момент помеѓу Стинг и неговиот внук Акира.
Акира Роуг Кантровиц е син на ќерката на Стинг и Труди Стајлер, Мики, и нејзиниот поранешен партнер Крис Кантровиц.
Тој е роден на Нова Година во 2016-та со „тешки проблеми во развојот“, открила Мики во „Romper“, во 2021, кога Акира имал 4 години.
„Во овој момент, Акира е невербален, не оди, има проблеми со слухот на двете уши, има хипотонија и глобални доцнења во развојот“, објаснила таа во текстот.
Видеото беше споделено на 15 јуни и го прикажува 73-годишниот пејач како се држи за раце со својот внук и го гали по носот додека ќерката на Стинг и мајката на Акира, Мики, ги гледа.
Погледнете го слаткиот момент помеѓу Стинг и неговиот внук Акира подолу.
Трогателното клипче го сподели Труди Стајлер на нејзината страница на Инстаграм.
„Среќен Ден на татковците и дедовците Стинго – татко и сакан Ноно“, напишала таа под објавата.
„Ти благодарам за твојата љубов, грижа и љубезност и за сè што си за твоите деца и внуци.“
Мики Самнер, 41, е најстара од четирите деца на Стинг и Труди.
Пејачот има и две постари деца со поранешната сопруга Франсис Томелти; Џо, 48; и Фушија, 43.
Другите три деца на Стинг и Труди се Џејк, 40; Елиот, 34; и Џакомо, 29.