Д-р Нера Нејтан е дерматолог хирург со долгогодишно искуство во областа на дијагностицирање и отстранување на рак на кожа.
Дипломирала на Универзитетот Џорџ Вашингтон, а специјализацијата ја продолжила на Харвард. Таа е исклучително почитуван експерт во својата област, поради што многу пати зборувала за New York Times, HuffPost, Forbes.com, ABC News и така натаму. На својот Инстаграм профил споделува совети кои се однесуваат на нега на кожата и дерматологија
Видеото кое го споделила неодамна, а кое брзо станало вирално, зборува за ефектите на лампите за траен лак на кожата и ризиците што ги носи.
Веќе во основно училиште, девојчињата почнуваат да одат кај маникир за „траен лак“ без многу да размислуваат за последиците. Се разбира, не е нивно да размислуваат за тоа, но е задача на родителите кои треба да бидат подобро едуцирани.
Имено, како што вели д-р Нејтан, само едно одење на траен лак каде што рацете и ноктите се во ламбата 20 минути може да предизвика мутации на ДНК кои се поврзани со рак на кожата, покажува студијата објавена од најпознатото научно списание во светот, Nature.
„Како дерматолог имам дијагностицирано и отстранувано рак на кожата од рацете на жените без никакви други фактори на ризик, освен со години изложување на УВ ламби во салоните за маникир“, вели д-р Нејтан.
Таа истакнува и дека гел маникирот влијае на квалитетот на ноктите, а кај некои жени може да предизвика и осип на лицето.
„Ако навистина не можете да се откажете од гел-лак, тогаш направете две работи.
Околу 20 минути пред третманот намачкајте ја кожата на рацете со заштитен фактор SPF 30+ и на рацете ставете UPF (ultra violet protection/ултра виолетова заштита) ракавици на кои сте ги исекле само врвовите“, советува докторката.