Детето се здобило со изгореници откако изело целер: Еве што треба да знаат родителите

Седуммесечно бебе добило осип со меури откако џвакало целер на сонце. Рина Бенџак и дала на ќерката стапче целер за да ѝ ги смири непцата поради излегувањето на запчињата. Семејството го поминало денот на отворено и немало поим што ги чека.

Девојчето следното утро се разбудило со осип околу устата, кој изгледал како изгореница. Ова всушност било почеток на не толку познатата реакција наречена фитофотодерматитис, која настанува поради реакцијата на сонце на некои намирници, како што се целер, цитрус, смокви, моркови, див копар, магдонос и пашканат.

„Немав поим дека ова може да се случи“, рекла мајката.
Поминале два месеци од инцидентот. Девојчето имало плускавци 10 дена, потоа преминале во хиперпигментација и конечно исчезнале после 6 недели. 20 минути на сонце биле доволни за да дојде до реакција.

Што велат експертите?
Фитофотодерматитисот е состојба предизвикана од изложеност на фурокумарини (хемикалија која се наоѓа на површината на растенијата). Оваа хемикалија може да се активира со УВА зраците од Сонцето. Ако вашата кожа дојде во контакт со хемикалијата и таа се активира, може да дојде до алергиска реакција. Имајте на ум дека не секој ќе доживее фитофотодерматитис по изложување на фурокумарини. Експертите предупредуваат дека детето може да биде изложено на поголем ризик доколку има семејна историја на контактен дерматитис со други супстанции како метали или некои средства за чистење, пишува Healthline.

Експертите советуваат дека постојат одредени начини за спречување на оваа состојба, како што се миење раце и други отворени делови од кожата веднаш по излегувањето на отворено, носење ракавици при работа во градината, носење панталони и долги ракави во шумски области и нанесување крема за сончање пред излегување на отворено.

изгореницисонцефитофотодерматитисцелер