Кожата е најголемиот орган во нашето тело и потребна ѝ е соодветна грижа за да го одржи својот младешки изглед. Доколку сакате природни и органски, цените на ваквите креми се вртоглаво високи. Но, затоа имате храна во вашата кујна која можете да ја користите за да ја негувате кожата и одвнатре и однадвор.
Дали барате ефикасен природен производ кој го забавува стареењето и делува превентивно против брчките? Забрзаното стареење има врска со генетиката, но и со начинот на живот кој го водиме. Стареењето на кожата и ткивата може да се забрза бидејќи со текот на годините внесуваме премногу токсини во нашето тело, а нашето тело создава премногу слободни радикали кои ги уништуваат клетките на нашите ткива и ја забавуваат нивната регенерација.
Одговорот е повеќе движење, правилна исхрана и многу, многу вода. Можеме многу да направиме со правилна исхрана, односно доволен внес на антиоксиданти, кои ги има во изобилство во свежиот зеленчук и овошје. Но, кожата треба да се храни и одвнатре и однадвор. Кремите кои се богати со колаген и антиоксиданти често се полни со конзерванси и соединенија кои можеби не ги сакате на вашата кожа, особено ако сте поддржувач на природни и органски производи кои можат да бидат исклучително скапи.
Во вашата кујна можете да најдете намирници кои имаат силно антиоксидативно дејство, а исто така изобилуваат со разни минерали и витамини, кои се назначени и на пакувањата со скапи маски и креми. Ви претставуваме 9 природни состојки кои се вистинско чудо против стареење, некои од нив ќе ја нахранат вашата кожа одвнатре, а некои однадвор.
Зелен чај, ги отстранува отокот и темните кругови
Зелениот чај е веќе познат како ефикасно средство за слабеење. Но, можеби не сте знаеле дека зелениот чај е богат со антиоксиданти, познати како EGCG, кои помагаат во борбата против брчките и поттикнуваат обновување на клетките.
Начин на употреба: Сварете шолја зелен чај и почекајте да се олади, не треба да е ладен, најдобро е да е млак. Натопете една памучна крпа и ставете ја на очните капаци. Топлината ќе ги отвори порите и чајот ќе се впие во кожата. Неговите природни својства против стареење ќе помогнат да се намали отокот под очите, но и да се третира остатокот од вашето лице.
Ѓумбир, чај за колаген
Како честа состојка во кујната, ѓумбирот е богат со антиоксидантот џинџерол, кој го поттикнува создавањето на колаген.
Начин на употреба: Започнете го денот со шолја топол чај со рендан ѓумбир и малку мед за максимални ефекти против стареење на кожата.
Банана, маска против брчки
Бананата има повеќе намени отколку само да ве засити за појадок. Познато е дека го стимулира производството на колаген, кој помага да се зачува младоста на кожата.
Начин на употреба: За да направите маска против брчки од банана, земете зрела банана и измешајте ја со мед. Нанесете го ова на лицето, оставете да се исуши, измијте го со топла вода и за само 4 недели ќе забележите затегнување на кожата.
Маслиново масло, борец за младешка кожа
Природните својства против стареење на маслиновото масло може да се припишат на полифенолите и олеинската киселина со кои е богато. Богато со незаситени масни киселини и витамини Б и Д, не само што ја спречува појавата на нови брчки, туку се бори и со постоечките.
Начин на употреба: Измешајте 1 лажица маслиново масло со лажица сок од лимон и нанесете на лицето. Оставете да делува 10 минути и исплакнете.
Сок од лимон, за нега на раце
Сокот од лимон содржи алфа хидрокси киселина, вообичаена состојка во природните третмани против стареење која помага да се отстрани слојот од мртвите клетки на кожата.
Начин на употреба: Измешајте сок од лимон со кристали од шеќер за да направите пилинг за раце. Запомнете, рацете стареат побрзо од лицето.
Авокадо, хидрира и обновува
Ова супер овошје, кога се нанесува на сува кожа, ја хидрира и регенерира. Високото ниво на масти и витамини како што се А, Д и Е ѝ помагаат на кожата да ја задржи влажноста и делуваат како состојки против стареење.
Начин на употреба: Јадете го ова овошје што почесто, а можете да направите и хранлива маска. Изгмечете половина авокадо со вилушка и измешајте го со лажичка маслиново масло. Намачкајте го лицето со вода, а потоа нанесете ја маската и држете ја околу 15 минути. Исплакнете.
Алое вера: ја храни и затегнува кожата
Збогатена е со бета-каротен и витамини Ц и Е, кои помагаат во одржување на полнотата на кожата, па затоа често се користи во повеќето природни препарати против стареење.
Начин на употреба: Исечете и излупете го листот од алое вера за да го извадите гелот, а потоа нанесете го на кожата. Исто така, двапати неделно пијте мала чаша природен сок од алое вера.
Краставица, за хидратација на кожата
Богата со вода и преполна со хранливи материи како магнезиум, калиум, витамини А и Е, ја поттикнува циркулацијата на крвта и заздравувањето, помага во намалување на брчките околу очите и дава блескав тен.
Начин на употреба: Ставете парчиња краставица над очите за да го намалите отокот. Можете исто така да исцедите сок од краставица и да додадете неколку капки мед за да направите смирувачка хидратантна маска за лице.
Портокал, против хиперпигментација
Богат со витамин Ц, кој е природен антиоксидант, може да биде одличен за одржување на младоста и решавање на проблемот со хиперпигментацијата кој се појавува со стареењето на кожата.
Начин на употреба: Натопете памучна крпа во свежо исцеден сок од портокал и само избришете го лицето, оставете да се исуши на кожата.
[…] Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“. […]