Девојчињата влегуваат во пубертет со 10, па дури и со 6 години

Експертите откриле дека девојчињата во Америка го доживуваат пубертетот на порана возраст отколку што очекувале биолозите и веруваат дека тоа е предизвикано од комбинацијата на зголемена стапки на дебелина, распространетоста на хемикалиите што се користат во пластиката и стресот што го чувствуваат девојчињата во секојдневниот живот. Сепак, според Њујорк Тајмс, тие сѐ уште не се целосно сигурни ниту согласни за вистинските причини за оваа појава.

Феноменот прв го открил др. Марсија Херман-Гидденс, експерт за јавно здравје на Универзитетот во Северна Каролина, кога почнал да собира податоци за повеќе од 17.000 девојчиња во средината на 1990-тите.

Таа открила дека просечната возраст на почетокот на пубертетот опаѓа, се движи околу десет, а некои девојчиња влегуваат во пубертет дури и со шест години.
Експертите предупредуваат дека девојчињата кои минуваат низ ран пубертет се изложени на зголемен ризик да развијат повеќе видови на рак и дека страдаат од психолошки проблеми како депресија или анксиозност.

Херман-Гидденс, која работела како директор на тимот за злоупотреба на деца на Универзитетот Дјук, забележала во тоа време дека многу од малтретираните девојчиња почнале да се развиваат на возраст од шест или седум години.

Студијата од 1997 година спроведена од Херман-Гидденс поради нејзината загриженост заради забележаното го сменила тоа медицинско подрачје и лекарското разбирање на пубертетот кај девојчињата.

„Мислам дека денес нема многу сомнежи дека дебелината е главен фактор за раниот пубертет“, изјавила за Тајмс Натали Шо, педијатриски ендокринолог од Националниот институт за еколошки здравствени науки, иако верува дека има и други фактори.

Дебелината сè уште не може да го објасни сето ова… едноставно сè се случува пребрзо“, заклучила таа. Друг потенцијален фактор се хемикалиите во пластиката на кои се изложени младите девојки.

Зголемениот стрес исто така има влијание на раниот пубертет. Иако нема конкретни докази дека стресот на млада возраст може да доведе до ран пубертет, експертите веќе долго време шпекулираат за оваа поврзаност.

дебелинадевојчињапубертет