Џиновско бебе има една година, тежи 16 килограми и носи пелени за возрасни

Едногодишниот Сони е толку голем што мора да носи пелени за возрасни. Роден е во декември 2020 година, со нешто повеќе од четири килограми. И само продолжувал да расте додека не достигнал тежина од 16 килограми за својот прв роденден.

На неговата мајка Џејд Лидер Сони ѝ е трето дете, а токму во оваа последна бременост имала гестациски дијабетес.

„Кога бев бремена, кога и да пресметуваа колку е голем, секогаш ми велеа дека е напреден“, вели Џејди.
Лекарите биле загрижени заради тоа, но се поминало добро.

@thejaydeuniverse

Answer @im_siowei and thats how we discovered @rascalandfriends nappies are amazing! #viral #giantbaby #sonnytju #parenting #goawaykaren #perfect

♬ Happy – Pharrell Williams

„Сони е среќно и весело дете. Сака да прави смешни гримаси. Тој ползи и почна да стои, но јас имам некои проблеми со коските и изгледа го наследил тоа. Ништо сериозно што нема да го решат неколку терапии“, додала таа.

Детето станало вирално заради неговата тежина откако неговата мајка отворила профил на ТикТок и почнала да го снима и да открива колку е тежок.

бебегестациски дијабетесџиновско бебе