Дурекс бара мажи за тестирање на новите кондоми

Компанијата за кондоми Durex бара мажи за тестирање на нивниот нов производ кој го опишуваат како нивниот „најтенок кондом досега“, пренесува Mashable.
Од компанијата наведуваат дека секој што ќе се согласи да ги испроба нивните кондоми Nude и да напише рецензија за нив, ќе добие награда од 100 фунти (околу 116 евра).

Дурекс вели дека е уверен дека неговите нови кондоми „нема да го намалат сексуалното задоволство“, повикувајќи се на истражување кое покажало дека многу мажи избегнуваат заштита.

„Бараме мажи од цела Велика Британија за да дадат искрени рецензии на нивното сексуално искуство по употребата на Nude кондомите“, изјавила менаџерката Ники Хејворд.
Таа додала дека на новите кондоми се работело со години и дека се направени „за да се зголеми задоволството од сексот, а не да се намали“.

Инаку, компанијата Durex ги претстави новите кондоми недолго откако објавија дека само 62 отсто од сексуално активните мажи користат заштита.

Дурекскондомитестирање
Comments (1)
Add Comment