Еден ден во јапонско училиште: Животно образование, предмет кој вреди повеќе од сите други (ВИДЕО)

Најдовме уште едно фасцинантно видео од јапонските училишта. Овојпат, станува збор за еден цел ден во јапонско училиште за основно образование.

Во училиштето, како и во повеќето училишта ширум Јапонија, имаат и предмет наречен: Животно образование (Life education).
Aко се уште не ви е јасно зошто е оваа земја толку чиста и зошто Јапонците се толку единствени, погледнете како изгледа воспитувањето на децата уште од прво одделение.

Во рамки на животното образование, како што веќе знаеме, спаѓа и носењето на храната, раскревањето после јадење, чистењето на училиштето. Исто така, интересно е и тоа што уште кога поаѓа во училиште секој ученик сади некоја билка за која самиот се грижи во текот на школувањето, а по завршувањето на училиштето, си ја зема дома.

Но, погледнете самите.