Една необична појава може да укажува на дијабетес кај детето, велат педијатрите

Дијабетесот или шеќерната болест се нарекува глобална епидемија бидејќи бројот на болни луѓе во светот расте до нивоа што биле незамисливи пред само неколку децении. Постојат повеќе причини за оваа појава, а најзначајна е промената на начинот на живеење, која се карактеризира со поголем внес на висококалорична храна и намалена физичка активност.

Иако возрасните се почесто погодени од дијабетес, тој може да се појави и кај децата, а неговите симптоми често се суптилни, што дополнително го комплицира дијагностицирањето. Како што објаснуваат педијатрите, една необична појава често може да биде знак за дијабетес кај детето, а станува збор за зачестено расипување на забите, односно, за појава на кариес.

Имено, дијабетесот може да предизвика децата да произведуваат помалку плунка во устата, што може да ги зголеми шансите да добијат кариес. Истражувањата покажуваат дека децата со дијабетес имаат и поголем ризик од развој на соор или кандидијаза, габична инфекција која најчесто се појавува во вид на бели или црвени дамки во устата.

детедијабетессимптоми