Една родителска навика ги полудува децата

Некои родители тешко следат како се менуваат нивните деца со текот на годините. Наместо тоа, тие ја задржуваат сликата на своето дете од детството или тинејџерските денови и своето однесување и коментари ги засноваат на таа стара верзија. Овој пристап често води до недоразбирања и емотивни дистанци затоа што возрасните деца сакаат да бидат видени и признаени такви какви што се сега, а не какви што биле некогаш.

„Родителите понекогаш не ја ажурираат својата слика за детето, или затоа што им е попријатно да ја задржат познатата верзија или затоа што им е тешко да ги прифатат промените. Некои родители дури и свесно или несвесно користат етикети како „тој секогаш е таков“ или „отсекогаш ѝ се допаѓало тоа“, а со тоа ги ставаат децата во улоги кои повеќе не одговараат на реалноста – или никогаш не соодветствувале со реалноста, вели семејната и брачна терапевтка и советничка Сара Епштајн за Psychology Today.

Овие етикети можат да бидат наметливи и ограничувачки, оставајќи ги возрасните деца да се чувствуваат погрешно разбрани. Некои родители едноставно остануваат „заглавени“ и не препознаваат промени во интересите, ставовите и идентитетот на нивните деца, дури и ако ги гледаат и разговараат со нив.

Советничката додава: „Во други случаи, контактот е толку редок што родителите несвесно задржуваат застарена слика за своето дете“.

Сепак, оваа динамика не е еднонасочна – и децата можат да им го прават истото на своите родители, тешко да ги прифатат промените во нивниот живот. Сепак, врската може да се подобри ако двете страни останат отворени и љубопитни. Кога родителите ќе забележат и ќе го признаат личниот раст на нивните деца, тоа во голема мера може да ја зајакне врската и чувството на блискост.