Српскиот педијатар д-р Саша Милиќевиќ предупредил на бизарниот тренд кој се раширил во оваа соседна држава, а поради кој веќе имал неколку малолетни пациентки.
Пради ова, гинекологот Вања Милошевиќ апелира до младите девојки и предупредува на опасностите.
„На човечката глупост ѝ нема крај. За она што го слушнав, за среќа, не сум имал искуство, но слушам дека имале педијатрите затоа што станува збор за помлади девојки кои немаат ниво на здравствена култура за да одат на гинеколог“, вели д-р Милошевиќ за српски медиуми.
Имено, младите девојки натопуваат тампон во вотка, па го ставаат во вагината за да се „опијат“, не водејќи сметка за тоа дека може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.
Тој укажува и на бројните опасности што ги носи ваквото неодговорно однесување.
„Сè што ни е дозволено не ни е корисно. Наместо социјалните мрежи да бидат корисни, ние одиме толку далеку во изопаченоста што можеме да го загрозиме здравјето, особено на младите кои штотуку влегле во репродуктивниот период. Добивањето на првата менструација е многу трауматично, а не се ни свесни како овие зафати можат да им го загрозат здравјето“, додава докторот.
Тој посочил и што може да тргне наопаку како резултат на таквото ризично однесување.
„Кога зборуваме за тоа, не сум сигурен дали предупредуваме, која е нашата намера или им даваме повод и на оние кои не го пробале тоа, да почнат и тие. Мислам колку е паметно. Вагината е многу чувствителен орган, кој има големи специфичности. Бактериската флора е првата бариера за сѐ што може да настане, од инфекции и воспалителни процеси. Кога тоа е нарушено со сопствено дело, проблемот е уште поголем“, вели д-р Милошевиќ и додаде:
„Тој алкохол, ако е така, ја менува бактериската флора и хормоналниот статус. Доколку се оштети од која било причина, од физичко-хемиски агенси, многукратна е можноста за воспалителни процеси и сѐ што следи, како вагинитис и колпитис. Тоа се црвенило, печење, болка особено во интимните односи, потоа тешки уринарни инфекции“, посочи гинекологот и откри што треба да се преземе за да се спречат вакви и слични појави.
„Можеме да ставиме крај на ова лудост со воведување здравствено образование, со посебен осврт на сексуалното образование. Зборувам и како родител и како лекар. Кога овие деца би имале вистински информации за тоа што може да им се случи, сигурен сум дека двапати би размислиле дали да го направат ова. Мрежите се големи предизвици за нив, но тие не можат да бидат ни свесни за последиците. Затоа сме тука ние постарите, особено оние од струката, затоа што најмногу ни се верува. Треба да дојдеме во нивните училници и да разговараме многу отворено. Кога ќе сретнат експерт кој им пристапува на вистински начин, тие сакаат да сослушаат. Препуштени на тие социјални мрежи, не зборуваат за тоа со родителите“, вели д-р Вања Милошевиќ.
Текстот е од ТУКА.
[…] Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“. […]