Едноставен трик со кој децата побрзо ќе ја преболат настинката

Животот на родителите често е исполнет со борба со детските настинки – постојано течење на носот, кашлање и непроспиени ноќи. Но, една педијатарка сподели едноставен трик кој може да им помогне на најмалите побрзо да закрепнат и да го спречат ширењето на настинката кај другите членови на семејството.

Новото истражување покажало дека секојдневната употреба на физиолошки капки за нос може да го скрати времетраењето на настинката кај децата за дури два дена. Покрај тоа, ја намалува и заразноста, што значи дека помалку членови на семејството се разболуваат.

Детската лекарка и популарна педијатарка на Тик-Ток, д-р Меган Мартин го споделила со родителите, нагласувајќи дека е „евтино“ и „едноставно“ решение, трикот со кое им помага на децата побрзо да закрепнат и го спречува ширењето на вирусот кај другите.

„Ова е едноставен начин да се скрати времето кога детето е болно, да се намали количината на лекови што треба да ги користите и да се намали бројот на болни луѓе во домот“, објаснила д-р Мартин.

@beachgem10

New publication shows hypertonic nasal saline can decrease how long kids are sick AND decrease the risk of getting people sick at home. This is easy, cheap and low risk! #saline #sick #virus #kids #parents #doctors Disclaimer: For educational and entertainment purposes only and should not be regarded as medical advice or replace the advice of your physician

♬ original sound – Beachgem10

Како функционира?
Д-р Мартин се повикала на резултатите од студијата ELVIS-Kids, во која истражувачите го тестирале ефектот на хипертоничниот солен раствор (околу 2,6% солена вода) кај децата со настинка.

Децата добивале по три капки во секоја ноздрва, четири пати на ден, пет дена – а резултатите биле импресивни.

Од 407 деца вклучени во студијата, околу 300 се разболеле. Половина од нив користеле капки физиолошки раствор, додека другата половина добила вообичаена нега за настинка. Децата кои користеле физиолошки капки закрепнувале во просек за шест дена, додека на другите им биле потребни осум дена.

Покрај тоа, помалку членови на семејството се заразиле – 46% во групата со солен раствор, во споредба со 61% во контролната група.

„Ова е евтино, лесно и нискоризично и им помага на децата побрзо да оздрават и го спречува ширењето на болеста – што е одлично“, заклучила д-р Мартин.

Искуствата на родителите

Родителите кои го пробале овој трик се воодушевени од резултатите. Една мајка напишала: „Го видов ова истражување пред неколку месеци и веднаш купив физиолошки спрејови за целото семејство.

Ги користиме секогаш кога сме болни – ФУНКЦИОНИРА!!!“

И друга мајка го споделила своето искуство: „Откако го следев овој совет, здравјето на ќерка ми значително се подобри. Порано кашлаше и беше болна со недели, но сега користиме солен раствор, го дуваме носот и се поминува за 2-3 дена!

настинкафизиолошки раствор