Едукативно-рекреативен настан: Да растеме заедно

Оваа сабота (13 мај), со почеток во пет до 12, традиционално, во градинарскиот центар Фоја во Скопје, а во организација на децата со поинаквости во рамките на организацијата „Арт оф ливинг“, ќе се садат семки од медоносни растенија, од автохтон даб и гинко билоба, а сите деца кои ќе бидат дел од настанот ќе имаат можност подетално да се запознаат со тоа како се одвива процесот на создавање и развивање на дрвото од една семка. Ќе имаат можност да се дружат, да се забавуваат и да научат нешто повеќе за природата.
Овој едукативно-рекреативен настан насловен како „Да растеме заедно“, се организира 11-та година по ред. Настанот ќе опфати повеќе активности:
– едукативен дел, каде експертите и тимот од градинарскиот центар, стручно ќе го објаснат процесот на создавање и развивање на дрво од една семка. Децата ќе можат повеќе да се запознаат со природните процеси на растење и развивање на растенијата, како и за нивното значење за човекот и за планетата;
– практичен дел, каде децата ќе имаат можност самите да засадат дрво и да ја видат целата постапка;
– рекреативен дел, забава, игри и дружење.
Целта на овој настан е поттикнување на свеста кај децата и кај родителите за што повеќе време за дружење со природата, поттикнување љубов и грижа кон неа. Ова е посебно важно во денешното време на модерни технологии, кога децата поминуваат најголем дел од денот пред комјутери, телевизор, телефони…
Организаторите повикуваат сите заедно со здружени сили да придонесеме за почиста околина.
Влезот е слободен и добредојдени се сите кои избираат зелена иднина.
Градинарскиот центар Фоја се наоѓа на ул. „Борис Трајковски” (поранешна Првомајска) – веднаш до фабриката Усје бр. 152 А, Скопје.

Арт оф ливингградинарски центареко настанФоја