Експерт објаснува како исхраната влијае на аутизмот кај децата


Познато е дека цревата се „вториот мозок“ на човечкото тело, поради големиот број нервни завршетоци, но и директната корелација со мозокот.

Имајќи го ова предвид, се поставува прашањето колку исхраната може да влијае на однесувањето кај децата со нарушување на дефицитот на внимание, како и кај децата со аутизам?

„Станува збор за специфични видови јаглехидрати, нескробни материи, кои доколку не се сварат правилно, што е случај кај околу 15 проценти од луѓето, се јавува ферментација во цревата, тоа значи ослободување на токсични метаболити.

Ако цревата по една или две години се хиперпропустливи за овие токсични метаболити, се јавува проблем“, вели гастроентерологот Воислав Перишиќ.

Тој додава дека за лекување на малите деца со аутизам многу е успешно кога исхраната се коригира по овој принцип, почнувајќи од деконтаминација на цревата.

„Нашите црева се полни со микроорганизми, добри и лоши.

Лошите микроорганизми ги карактеризираат децата со аутизам.

Значи, со деконтаминација се уништуваат овие микроби, а уште една работа е многу важна – големи дози на пробиотици.

Прашањето е само колку долго ќе даваме терапија и каков ќе биде ефектот.

Затоа што треба да ги населиме цревата, со добри, неаутистички типови на бактерии, што е основата и секако да не се земаат ферментабилни јаглехидрати“, вели докторот и додава дека е најважно да им се даваат на децата месо и зеленчук, иако некои видови на зеленчук и овошје може да бидат многу штетни, како на пример – круши, кајсии, сливи, боровинки, малини, јагоди, кромид кој многу пречи, зелка која е исклучително опасна за овој вид на нарушување, брокула, карфиол и други, пренесува Б92.