Родителите ширум светот постојано расправаат за тоа која е најдобрата возраст кога можат да им дадат паметни телефони на своите деца.
Имено, има сѐ повеќе докази дека ваквите уреди можат да имаат негативни ефекти врз менталното здравје на децата.
Истражувањето покажува дека менталното здравје на младите било полошо откако го добиле првиот паметен телефон, според студијата на Sapien Labs објавена минатата година, во која користеле податоци од 27.969 млади од 18 до 24 години од 41 земја во светот.
Околу 74 отсто од девојчињата кои го добиле својот прв паметен телефон на шестгодишна возраст рекле дека тоа ги прави да се чувствуваат вознемирени или дека им е тешко, покажало истражувањето.
Ова паднало на 52% кај оние кои го добија својот прв паметен телефон на 15-годишна возраст.
42% од момчињата кои го добиле својот прв смартфон на 6-годишна возраст доживеале тага или проблеми, а тоа паднало на 36% за оние кои добиле паметен телефон на 18-годишна возраст.
Средното училиште е клучно
Паметните телефони станаа суштински дел од секојдневниот живот, а многу родители сакаат да им дадат уреди на своите деца за да можат да ја следат нивната локација и да останат во контакт со нив кога ќе излезат од дома.
Кога е вистинското време за тој чекор?
Истражувачот на Универзитетот во Њујорк, Зак Рауш, вели дека е важно паметните телефони да се држат подалеку од предтинејџерите.
„Мојот предлог е да се одложат паметните телефони до средно училиште, значи, до околу 14-годишна возраст“, рекол Рауш во интервју за CNBC.
Што се однесува до социјалните мрежи, тој смета дека децата не треба да имаат пристап до нив додека не наполнат 16 години.
„Би било идеално да се забранат телефоните во градинките и основните училишта“, истакнал тој.