Еве што грицкате кога ги грицкате ноктите (ВИДЕО)

Дури 60 отсто од децата грицкаат нокти. Откако ќе го погледнат ова видео, можеби ќе престанат.
Грицкањето нокти е грда навика која ја практикуваат дури 60 отсто од децата и 21 отсто од возрасните. Освен што не е убаво да се види некој како ги гризе ноктите, тоа може да доведе до бројни здравствени проблеми. Еден научник неодамна го покажа ова со видео споделено на Тик-Ток.

Откако зел примероци од нечистотија од неколку нокти, научникот ги ставил под микроскоп и го покажал она што не можеме да го видиме со голо око. Под ноктите имало милиони бактерии и микроорганизми кои можат да предизвикаат сериозни инфекции.

„Вашите нокти собираат многу бактерии и други нечистотии кои се пренесуваат во устата, а потоа во стомакот. Ова може да резултира со орални и гастроинтестинални инфекции”, велат експертите.

@microscope666

How much dirty of nail😲😲😲😲😲😲😲😲😲#nail #dirty #finger #human #body #virus #nature #microscope #microscope666 #foryou #fyp #tiktok #tiktoker #challenge #scientist #science #zoom #clean @oneminmicro @mir_glazami_microscopa @brunabarbieoficial

♬ original sound – Little Little World

На пример, ноктите често содржат патогени бактерии кои можат да предизвикаат сериозни стомачни инфекции, како што е салмонела. Постојаното гризење предизвикува рани околу ноктите, што го прави ноктот послаб. Како резултат на тоа, подлогата на ноктите е изложена на бактерии кои можат да го инфицираат мекото ткиво и да доведат до оток, црвенило, па дури и гноење.

Покрај сето тоа, постојаното грицкање нокти не е добро ниту за забите. Со текот на времето, може да се забележи неправилна положба на забите или забна оклузија.

Совети како да спречите грицкање нокти:
Колку и да е вообичаено грицкањето нокти, има неколку работи што родителите можат да се обидат за да ги спречат нивните деца да го прават тоа. Прво, треба редовно да се сечат ноктите на децата. Додека ги миете рацете, се препорачува да ги четкате ноктите за темелно да ја исчистите долната страна. Постојат и горчливи лакови за нокти кои можат да ги натераат децата да размислат двапати пред да ги стават прстите во уста.