Пушењето, прекумерното консумирање алкохол и земање опиоиди се исклучително штетни за здравјето – ова не е ништо ново. Сепак, опсежната студија спроведена од научници од Универзитетот во Илиноис покажа дека една форма на однесување што го практикуваат многу голем процент луѓе е подеднакво опасно. Станува збор за физичката неактивност.
Имено, ако имате повеќе од 40 години, а не сте физички активни, не вежбате и само седите на кауч, му штетите на вашето тело на ист начин како и доколку многу пиете, пушите или се дрогирате.
Студијата спроведена на Универзитетот во Илиноис од тим предводен од Ксуан-Мај Нгуен опфатила речиси 720.000 американски воени ветерани.
Тие проучувале осум животни навики за кои се смета дека придонесуваат за здрав начин на живот, а тоа се физичка активност, правилна исхрана, неконзумирање големи количини алкохол, непушење, добра толеранција на стрес, добар сон, одржување на позитивни социјални односи и некористење опиоидни лекови против болки.
Резултатите покажале дека во некои случаи осаменоста, брзата храна, лошиот сон и прекумерниот стрес се речиси исто толку лоши како пушењето или опиоидите и дека луѓето кои живеат на овој начин тешко дека ќе доживеат длабока старост.
Студијата, претставена на меѓународната конференција Nutrition 2023 во Бостон, покажала дека мажите во 40-тите години со сите осум лоши навики ќе умрат 24 години пред нивните врсници кои немаат ниту една, а животниот век на жените веројатно ќе биде скратен за 21 година.
[…] Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“. […]