Фотографија од жена која работи на каса со новороденче го згрози интернетот

 „Пред некој ден ја видов оваа жена во продавница. Таа е касиерка. И се грижеше за своето бебе толку трпеливо, толку добро и со многу љубов. Додека работеше”, напишала во описот личноста која ја фати сцената, ја фотографираше и ја сподели со другите.

Станува збор за фотографија од продавачка која истовремено работи и се грижи за своето новороденче која ги шокираше луѓето на Интернет. Таа прво се појави на Фејсбук, а потоа и на Редит.

Таа додала дека жената совесно и брзо си ја завршила работата и покрај тоа што го држела детето во раце и го хранела со шише млеко. Се верува дека фотографијата е направена во САД.

„Побаравме дозвола да ја фотографираме затоа што сакавме да им дадеме мотив на другите мајки и да ѝ оддадеме признание на оваа жена“, е заклучокот од објавата која за другите беше сè само не мотивирачка. Многумина сметаат дека е тажно што некои мајки се принудени да работат дури и кога околностите не се идеални.

Што мислите вие за ова?

majkaкасановороденчепродавачка