Фризерски салон во англискиот град Шефилд создаде специјализирана просторија за да им помогне на децата со аутизам да ја потстрижат косата во помалку предизвикувачка средина.
Сопственичката, Кети Чишолм, додала играчки и сензорна опрема во салонот, истовремено, создала мирна атмосфера, без музика и со слабо осветлување која освен за лицата со аутизам е наменета и за сите лица со попреченост, анксиозност или едноставно, за сите што имаат потреба од поинаква, спокојна атмосфера.
Истовремено, таа и самата е мајка на 27-годишен син со аутизам, па вели дека точно знае со какви тешкотии се соочуваат семејствата и затоа „сакала да даде поддршка“.
Фризерката од Шефилд вели дека работи напорно за да изгради доверба со своите клиенти и дека секоја фризура е достигнување за детето.