Бременоста е различна за секого, а кога се работи за труднички стомаци, тие исто така многу варираат од трудница до трудница. Има толку големини и форми на стомаци колку што има трудници. Сепак, постојат и трудници чии стомаци едвај се гледаат, па сосема непознати луѓе се загрижени за нивното здравје.
За една мајка, нејзиното трудничко патување е малку покомплицирано. Имено, Керолајн решила на ТикТок да го покаже трудничкиот стомак кој е навистина мал, а до породувањето ѝ остануваат уште 10 недели. Како што вели, поради големината на стомакот се соочува со многу непријатни прашања, иако сѐ е во ред со нејзината бременост.
Таа тврди дека нејзиниот труднички стомак е толку мал и спуштен што е речиси невидлив. „Лудо е што мојот стомак е сè уште толку мал, а во мене расте здраво бебе“, им вели мајкат на дежурните критичари кои тврдат дека таа воопшто не е бремена.
Освен на социјалните мрежи, на улица редовно ја обвинуваат дека лаже дека е бремена или ја напаѓаат дека е анорексична и дека го загрозува здравјето на своето бебе. „Погодена сум од коментарите на луѓето, но се трудам да останам смирена бидејќи знам дека сум здрава, исто како и моето бебе“, вели идната мајка. Видеото има повеќе од 4,3 милиони прегледи, а следбениците не можат да поверуваат колку е рамен стомакот на Керолин.