Им кршат јајца од глава, им фрлаат листови кашкавал … Нови времиња, нови родителски методи (ВИДЕО)

Социјалните мрежи донесоа некои корисни работи, понекогаш учиме нешто, но многу почесто, се шокираме од идеите на луѓето.

За ова второто, има многу повеќе причини. Меѓудругите, тука го вклучуваме и фрлањето парче кашкавал (од оние листовите за сендвичи) во лице на некој кој тоа воопшто не го очекува.

Ова е тренд кој се појавил уште во 2019 година.

Во тоа време, Тик-Ток беше преплавен со видеа на кои парчиња кашкавал завршуваа на лицата на партнерите, членовите на семејството, па дури и на домашните миленици.

Меѓутоа, кога се надевавме дека оваа приказна е зад нас, трендот повторно се врати, но овојпат кашкавалот се фрла на челото на расплаканите бебиња.

Некои родители забележале дека тоа за неколку секунди ги смирува бебињата кои збунети се обидуваат да сфатат што се случило.

Додека некои се насмевнуваат откако парче кашкавал ќе им се залепи на челото, а други само престануваат да плачат, овој родителски трик не им се допадна на повеќето луѓе.

Меѓу другото, некои сметаат дека тоа е одраз на непочитување кон детето и дека во никој случај не е добар пример за најмалите.

„Какво патетично општество станавме кога фрлањето парче кашкавал на главата на бебето се смета за забавно. Одличен начин да се научи детето да не ги почитува другите.

Се надевам дека еден ден децата ќе им го прават ова на своите стари, немоќни и беспомошни родители“, велат оние кои се против ваквите методи.

Од друга страна, има и такви кои веруваат дека никој не е повреден на овој начин, па затоа треба да се прифати.

„Не можам да верувам дека некому му пречи ова. Децата би биле благословени кога едно парче кашкавал би било најлошото нешто што може да им се случи. Опуштете се“, е нивниот став.

Што мислите вие за ова?

@omarcroda

¡ El poder del #queso 🧀 ! Calma a cualquier bebé 🧀 The amazing power of #cheese 💡 #baby #calmdown #bebes #bebe #babyboy #bebito

♬ sonido original – Omar Croda
децасоцијални мрежифрлање кашкавал