Прашајте го секој припадник на таканаречената милениумска генерација колку време поминувал со своите баба и дедо како дете и ќе добиете слични одговори. Повеќето луѓе на возраст меѓу 30 и 40 години се сеќаваат дека биле кај нивните баби и дедовци секој викенд и/или цел распуст.
Денес, ситуацијата е значително поинаква и многумина добро го знаат тоа, што објаснува зошто едно видео на Тик-Ток стана вирално.
„Преминавме од генерација на деца кои секој викенд го поминуваа кај своите баби и дедовци во генерација на родители кои секој момент го поминуваат со своите деца“, гласи насловот на видеото објавено на профилот @brittnievh.
Во видеото се наведува и дека за многу луѓе денес нивното семејство е „невидливо“.
„Децата повеќе не ги воспитува селото. Ние сме селото. Таква разлика има меѓу нас“, заклучува авторката на видеото.
Во делот за коментари се разви жива дебата. Многумина велат дека жалат што нивните деца немаат ист однос со бабите и дедовците каков што имале тие со нивните.
„Нема село, нема помош. Само јас и мојот сопруг. Никој не е заинтересиран“, „Ме воспитуваа баба ми и дедо ми така што не би ни очекувала дека моите родители знаат да се грижат за моето дете“ , „Имам измешани емоции за ова. Жалам што родителите секогаш ме праќаа кај баба ми, но би сакала денешните баби да помагаат повеќе“, се дел од коментарите.
[…] Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“. […]