Има ли родител што не го возел бебето во автомобил за да заспие? Науката има објаснување зошто бебињата заспиваат додека се возат

Кога не можете да смирите вознемирено, уморно и расплакано дете, возењето со автомобил понекогаш функционира како магично стапче! Бебето, безбедно прицврстено на неговото седиште или кога немаше вакви седишта, во рацете на другиот родител, баба, дедо или некој трет, одеднаш почнува да се смирува. И набргу потоа конечно заспива…

Што е тоа во возењето во автомобил што ја прави магијата и го заспива бебето додека трепнете? Науката има објаснување! Излегува дека внатрешноста на автомобилот во движење е многу слична на безбедното, топло и тивко опкружување во утробата. Звукот и вибрациите на моторот на автомобилот во движење создаваат сличен звук и движење што му помага на бебето да се опушти.

Автомобилите го нудат истиот вид на лулање што вашето бебе го чувствувало во вашата утроба додека сте оделе, на пример. Одговорот на бебињата на лулањето е природна реакција на нивните сензомоторни системи. Истражувачите откриле дека нежното и постојано лулање ги регулира централните, моторните и срцевите системи на бебето на координиран начин што ги смирува.

Малиот мозок на бебето е дел од мозокот кој е најпримитивен – секогаш буден и следи се што се случува во нивната околина. Тој е директно поврзан во повратна врска со вагусниот нерв, дел од парасимпатичниот нервен систем кој го поврзува мозочното стебло со телото и му овозможува да следи и прима информации. Парасимпатичкиот нервен систем надгледува широк опсег на клучни телесни функции, вклучувајќи го одговорот на борба или бегање и отчукувањата на срцето. Со нишањето му се олеснува на малиот мозок на бебето и се создава парасимпатичен одговор на опуштање, побавен пулс и зголемено чувство на пријатност.

Постојаното брмчење на моторот на автомобилот е вид на бучава што го смирува бебето. Автомобилскиот мотор е еден вид „бел шум“ кој може да ги имитира познатите звуци што ги слуша бебето во утробата и може да ги маскира гласните звуци кои можат да го стимулираат мозокот на бебето. Белиот шум влијае на спиењето со тоа што го поттикнува мозокот на бебето да ги усвои и одржува побавните, ритмички мозочни бранови поврзани со спиењето.

Во една мала студија објавена во Архива на болести во детството, новороденчињата слушале снимки од интраутерини звуци. Се покажало дека слушањето на овој тип на бучава ја зголемува веројатноста бебињата да заспијат во рок од пет минути од 25% на 80%!

Внатрешноста на автомобилот не е стимулативна
Внатрешноста на автомобилот може да биде изолирана, топла и темна, исто како вашата утроба. И внатрешноста не се менува, па нема ништо ново да се види, слушне, почувствува или направи во него. Покрај тоа, вашето бебе знае дека сте во близина и се чувствува безбедно. Оваа комбинација му овозможува на бебето да се прилагоди на надворешниот свет, целосно да се опушти и да заспие.

Удобноста на седиштето на автомобилот создава чувство на сигурност.
Безбедносниот појас не само што го одржува телото на бебето во правилна положба во случај на несреќа, чувството на сигурност што го обезбедува и пријатна топлина во внатрешноста на автомобилот може целосно да го пренесе бебето назад во утробата.

Заспивањето на вашето бебе со возење може да биде ефикасно решение за несоница, но дали е безбедно?

Студијата објавена во списанието за педијатрија покажува дека кога седиштата за автомобили се користат според упатствата на производителот, бебињата имаат многу мал ризик од опасност.

Д-р Бен Хофман, претседател на Советот на Американската академија за педијатрија вели: „Сите податоци што ги имаме за автомобилските седишта укажуваат на тоа дека не постојат ризици поврзани со бебињата кои спијат во нив – кога децата се правилно врзани на седиштето кое е вградено со соодветно позиционирање.“ Сепак, Американската академија за педијатрија (AAP) препорачува кога патувате, кога бебињата сè уште спијат во автомобилот, задолжително да ги префрлите во креветчето кога ќе пристигнете на вашата дестинација.

bebeавтомобилзаспивање