Инклузивна забава и штафетна трка во Скопје: „Заедно до целта“

Во сабота (20 мај), на Школка во Градскиот парк во 11 часот ќе започне еден прекрасен и инклузивен настан во организација на здружението „Куќа на среќата“, насловен како „Заедно до целта“.

Станува збор за првата инклузивна штафетна трка, нешто ново и единствено, нешто забавно и инклузивно, трка во која ќе учествуваат и лица со попреченост и без нив никој нема да може да стигне до целта, велат организаторите.

Трката е од хуманитарен карактер и собраните парични средства ќе бидат наменети за подигнување на инклузивната свест и помош и поддршка на семејствата кои имаат лице со попреченост и иницијативата Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост.

Во рамки на настанот, освен иИнклузивна трка, ќе има и инклузивен базар, каде ќе бидат претставени неколку здруженија од различни градови, кои се залагаат за правата на лицата со попреченост, кои ќе претстават рачни изработки направени од вештите раце на децата и лицата со попреченост. Секако, ќе има и храна за која ќе се погрижат Jojo’s бургери кои со производите на MAMA’S ќе подготват вкусни сендвичи, а нема да изостане ниту музички дел со пејачи од нашата естрада, забавен дел со многу награди и изненадувања и разни друштвени игри.

„Тимовите за трката веќе се создадени и истите се инклузивни, што не радува многу, бидејќи ја добивме подршката од лицата со попреченост кои ни ја испратија пораката дека тие се спремни да трчаат со нас до целта. Дојдете и бодрете ги сите учесници. Дојдете да се забавуваме и да поминеме еден прекрасен ден“, порачуваат организаторите и додаваат дека настанот ќе се одржи без оглед на временските услови.

Градски паркинклузијанастанштафетна трка
Comments (1)
Add Comment