Инструкторка по пливање предупредува: Многумина грешат со виткањето на децата во пешкир после пливање

„Кога ќе го извадите вашето дете од базен, природно е да сакате да го завиткате во пешкир, но ако така падне во базенот, сите негови екстремитети ќе бидат ограничени во движењето под влажната крпа. Откако ќе го извадите вашето дете надвор од базенот, прво избришете му ги рацете, а потоа ставете му го пешкирот под пазувите. Така е побезбедно“, вели професионалната инструкторка по пливање Ники Скарнати во видеото што го објави на Тик-Ток.

@scarnati.swim

Thats right! Make sure your towel is UNDER your littles arms. NOT on top. Follow along for more water safety content 🥰 #selfrescue #selfrescueswimming #selfrescueswim #watersafety #drowningpreventionawareness #drowningprevention #springhillisr

♬ original sound – Nikki Scarnati

Таа упати апел и до родителите да внимаваат пешкирот да не биде предолг за да не се сопне детето. Многумина споделија ужасни приказни за деца завиткани во пешкир кои доживеале несреќа.

„Престанав да го правам тоа откако син ми се сопна на скала и си ја скрши брадата затоа што рацете му беа заробени наместо да може да се фати додека паѓаше“, напишала една мајка.

„Потврдувам дека тоа е вистина. Кога имав две години, паднав во длабокиот дел од базенот и морав да бидам спасен бидејќи рацете ми беа завиткани во крпа“, додал друг.

базендетеинструкторкапешкир