Филис, 36-годишна мајка на четири деца, стана вирална на Инстаграм откако објасни зошто мисли дека бејби-бумерите се најлошите баби и дедовци. Видеото собра повеќе од 1,1 милион прегледи и речиси 27 илјади лајкови за само неколку дена.
Во видео кое предизвика бројни реакции, Филис вели дека бумерите (родени помеѓу 1946 и 1964 година) честопати едвај чекаат да станат баби и дедовци, но кога тоа ќе се случи – се повлекуваат. Како што тврди таа, кога ќе ги замолите да ги чуваат своите внуци, дури и за кратко време, одговорите често се: „Тие се ваши деца“, „Најдете дадилка“ или „Не можам, имам куче“.
„Тие доаѓаат на пет минути, не одат на родендени, не сакаат да помогнат… И не ги молиме да ги одгледуваат нашите деца, туку само малку присустност“, вели Филис.
Нејзиното видео наиде на голем одзив кај родителите од милениумската генерација кои се идентификуваа со нејзините зборови. „Се согласувам целосно… оваа генерација баби и дедовци навистина не е заинтересирана“, напишал еден корисник. Друг додава: „Бумерите дури и не нè одгледаа како што треба, а сега очекуваме да ни помогнат со внуците?“
Сепак, не беа сите критични: „Моите родители од генерацијата на бумерите ги обожаваат моите деца и прават сè за нив“, напиша едно лице.
Филис нагласува дека нејзината цел не е да предизвика конфликт меѓу генерациите, туку да стимулира разговор: „Сакам нашите деца да го имаат односот со нивните баби и дедовци што го имавме ние“.