Истражувањата покажаа дека овие години од животот се најмалку стресни: Еве кога подобро реагираме на стресот

Во процесот на стареење се соочуваме со различни предизвици, убавини и препреки, но тоа е патување кое се вика живот. Кога сме помлади, мислиме дека го имаме целото време на светот, а како што се зголемува бројот на свеќички на роденденската торта, сфаќаме дека имаме помалку време.

Затоа е важно да ја сфатите драгоценоста на секој момент и да бидете благодарни за тоа. Една студија објави дека ние сме помалку склони кон стрес како што старееме, односно дека имаме подобра реакција на предизвикувачите на стрес. Студијата на Универзитетот во Пенсилванија ги проучувала луѓето на возраст од 25 до 74 години во период од 20 години. Утврдено е дека стресот е значително поприсутен кај 25-годишниците отколку кај 70-годишниците.

„Постои нешто во стареењето што доведува до помалку стресни фактори“, вели д-р Дејвид Алмеида, автор на студијата и професор по развојни и човечки студии. „Тоа би можеле да бидат типови на социјални улоги кои ги исполнуваме како што старееме. Како помлади, можеби повеќе жонглираме, вклучувајќи ги работните места, семејствата и домовите, а сето тоа може да го зголеми секојдневниот стрес. Но, како што старееме, нашите социјални улоги и мотивации се менуваат. Постарите луѓе зборуваат за тоа дека сакаат максимално да го искористат и да уживаат во времето што го имаат“.
Утврдено е дека за време на стареењето подобро реагираме на предизвикувачите на стрес. Според истражувањата, намалување на стресот се забележува во средината на 50-тите, потоа постепено се намалува во 60-тите, а значително во 70-тите. Ова истражување ни носи уште една позитивна работа што ја носи стареењето. Процесот на стареење главно се гледа низ „очилата на негативност“, но доколку ги забележиме позитивните аспекти на овој сегмент од животот, ќе уживаме во секоја година, ќе бидеме посреќни, а може дури и да си го продолжиме животот.

Научниците открија дека позитивните ставови за стареењето го зголемуваат квалитетот на сонот и нивото на физичка активност, го подобруваат општествениот живот и помагаат да се создаде чувството за цел. Значи, ако стареењето е нешто што го сметате за лошо, земете ги во предвид новооткриените истражувања. Има многу на што треба да се радувате, особено ако се земе предвид дека конечно ќе имате повеќе време за себе, за одмор и за вашите потреби.

Веројатно веќе знаете дека самиот стрес може да влијае на вашето целокупно здравје, затоа не заборавајте да управувате со него мудро додека чекате да се зголеми бројот на свеќичките на роденденската торта.

истражувањестареењестрес