Како да ги научите да спијат децата од 2 до 4 години?

Децата на возраст од две до четири години обично спијат 11 – 12 часа ноќе, при што преку ден преспиваат еден до три часа. Поставувањето време за спиење што е погодно за сите дома и придржувањето до него е одлично за одржување редовна шема на спиење.

Но, децата како да „се програмирани“ тешко да заспиваат кога се преуморни. Советот тука, според познавачите, гласи – придржувајте се кон шемата на малечкото, секогаш кога е можно (секако, ќе има исклучоци) и заспијте го во „неговото“ вообичаено време.

Заспивање навреме

Додека се пробуваат нови техники за детето да остане будно додека треба – не предоцна, но и не прерано, се работи рутината пред спиење, толку колку што е разумно…

„Дали сакаш уште една чаша вода?“ – Дајте му. „Дали сакаш други пижами?“ Па мало, но разумно одолговлекување… „Сакаш да му кажеме ‘добра ноќ’ на мачето?“ – Готово. Дозволете му / ѝ уште една желба – на пример, ако сака уште една страница од детската книга – нека ја слушне, но родителот тука веќе треба да нагласи дека тоа ќе биде последно нешто пред спиење.

Кошмарите

Сосема е нормално малите на посочената возраст да имаат страв од спиење. Сите, веројатно, еден дел од детството се плашеле од „чудовишето под креветот“ или „во плакарот“. Фантазијата е главно, корисно нешто, па гледајте на тоа како нешто позитивно и нормално.

Познавачите велат, охрабрете го детето да зборува за своите стравови, за да се открие што ќе го смири – ноќно светло или брза проверка под креветот. Иако сѐ тоа е по малку страшно во мигот, со доволно прегратки и смирувачки зборови, малечкото наскоро ќе заборави на „чудовиштата“.

Поголем кревет

Родителите треба да знаат дека оваа возраст – две до четири години, е вистинското време за замена на креветчето со нормално голем кревет.

А, при оваа промена, може да биде потребно и мало охрабрување во облик на пофалби дека детето „сега е голем /-а“ и слично. Со цел тоа да го почувствува новиот креветот како веќе негов / нејзин, дозволете му / ѝ да си ги избере постелнината, боите, обликот, текстурата.

roditeliдетекреветчеспиење