Како да ги спакувате децата за на одмор? (ВИДЕО)

Ако некогаш сте патувале со деца, знаете колкава работа е да организирате и да спакувате сè што треба да носите за најмалите. А посебен проблем е што до пристигнувањето облеката ќе биде стуткана како да е џвакана. Една мајка објави на Тик-Ток видео во кое покажа како таа го решила проблемот.

Имено, решението за овој проблем го нашла во пластичен организатор за чевли кој вообичаено го ставате на вратата.

„Поставете ја облеката за тој ден во секоја преграда. Свиткајте ја и готово“, вели таа.

Бидејќи облеката на децата е мала, трикот навистина функционира, па стана вирален. И можете да ги користите преостанатите отвори на организаторот за сите други мали предмети или средства за хигиена. Кога ќе завршите со средувањето, ставете го организаторот во куферот и готово.

децакуфероблекапакување