Покачената температура кај децата често се јавува од различни причини. И додека повеќето родители непотребно ја намалуваат температурата што е малку покачена, односно помала од 38 степени, педијатрите велат дека покачената температура е всушност начинот на кој телото на детето се бори против одредена инфекција. Сепак, секоја температура повисока од 38 степени мора да се спушти, а постојат неколку начини да го направите тоа, според Stanford Medicine.
Како што објаснуваат педијатрите, температурата на децата првенствено треба да се намали доколку тоа им предизвикува болка или непријатност. Исто така, детето може да покаже симптоми на раздразливост и замор, а може да се јави и намален апетит. Покрај лековите за кои мора да се консултирате со лекар, педијатрите издвоија неколку начини за намалување на покачената температура.
Тие советуваат детето да се облекува во полесна облека, бидејќи вишокот облека само ја задржува топлината на телото и предизвикува зголемување на температурата. Советуваат и дека би било добро детето да пие што повеќе течност за да избегне дехидрација. Туширањето со млака вода е исто така добар начин за брзо намалување на температурата.
Од друга страна, педијатрите предупредија и за некои од најчестите грешки што ги прават родителите кога се обидуваат да ја намалат температурата на детето. Како што објаснуваат, родителите често по грешка го тушираат своето дете со ладна вода или ставаат алкохолни облоги, што може да биде многу опасно.
[…] Повеќе заова на порталот „Мајка и дете“. […]