Многу родители се фокусираат на оценките на нивните деца и нивните воннаставни активности, но премногу често забораваат да вложат време и труд во негувањето на уште една друга компонента на детскиот успех и развој. Подеднакво важно, а можеби и најважно е детето да стане добра личност, пренесува Very Well Family.
Психолозите објаснуваат дека ако сакаме да воспитуваме деца кои се навистина добри луѓе, треба да учествуваме во насочувањето на децата кон навики и однесувања кои промовираат позитивни карактерни црти, како што се добрина, дарежливост и емпатија. Иако не постои загарантирана формула која открива како да воспитате добро дете, сепак постојат неколку начини на кои родителите можат да изградат добар карактер кај своите деца.
Поттикнување на емпатија
Емоционалната интелигенција и емпатијата, односно способноста да се ставиме на местото на другите луѓе и да ги разбереме туѓите чувства, е еден од најосновните квалитети на добрите луѓе. Истражувањата покажале дека високиот емоционален коефициент или способноста да се разберат сопствените чувства и чувствата на другите, е важна компонента на успехот во животот. Со цел да се поттикне емпатијата кај вашето дете, психолозите советуваат да го охрабрите да зборува за своите чувства.
Учење на добри манири
Учењето на детето на основите на доброто однесување, како на пример користење на зборовите „благодарам“ и „извинете“, учтиво обраќање на луѓето и добри манири на масата, е еден од начините да се подигне добра личност, објаснуваат психолозите. Тие тврдат дека родителите треба да бидат свесни дека воспитуваат личност која кога ќе порасне ќе излезе во светот и ќе комуницира со другите до крајот на животот, а учењето токму на овие работи ќе има важна улога во обликување на тоа колку добро ќе биде воспитано детето.
[…] Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“. […]