Чекор еден: едноставно – немојте. Освен ако не сакате да ја научите како функционира телото. Тогаш е во ред.
Не ѝ кажувајте ништо ако ослабела. Не и кажувајте ништо ако се здебелила. Ако мислите дека е згодна, не ѝ го кажувајте тоа. Но, еве што можете да ѝ кажете:
„Изгледаш навистина здраво!
Или: „Изгледаш многу силно“.
„Види се како блескаш!
И најдобро би било да добие комплимент што нема никаква врска со изгледот.
Не коментирајте ниту за изгледот на другите жени. Не озборувајте. Ниту дека некоја е згодна, ниту дека е премногу слаба или премногу дебела.
Научете ја вашата ќерка како да биде љубезна кон другите, но и кон себе. За тоа треба да зборувате.
Не се дозволени коментари за тоа како го мразите вашето тело! Не зборувајте ни за новата диета. Всушност, вашата ќерка дури и не треба да знае дека сте на диета! Едноставно купете здрава храна наместо хамбургери, паштети и грицки. Гответе здраво и јадете здраво. Но, никогаш не кажувајте „од денес не јадам леб“ или „не јадам слатко“. Вашата ќерка не смее да мисли дека е срамота да се јадат слатки или јаглехидрати. Срамот од храната што ја јадете води до срам од самата себе…
Охрабрете ја вашата ќерка да трча, но не за да го стегне телото, туку да се ослободи од стресот и да биде поздрава. Охрабрете ја да планинари затоа што нема подобро место за тестирање на вашите сили и нема подобро чувство од она кога ќе се искачите на врвот. Поттикнете ја да сурфа, да скока банџи и да вози велосипед на планина, бидејќи тоа ја плаши, а стравот понекогаш е добра работа.
Нека сака фудбал и хокеј и кошарка, бидејќи спортот ќе ја направи подобар лидер и ќе ѝ даде самодоверба. Никогаш не ја присилувајте да се занимава со спорт што не го сака. Да, ритмичката гимнастика и пливањето се спортови кои звучат како вистински избор за една девојка, но таа нека избере што сака да прави!
Докажете и на ќерката дека на жените не им треба маж за да го премести мебелот во домот!
Научете ја да готви кељ, спанаќ и друга здрава храна.
Кажете ѝ го тајниот рецепт за колачите што сите ги сакате.
Можеби вие и вашата ќерка имате тенки листови или широки колкови? Лесно е да го мразиш своето тело. Но немој. Кажете ѝ на вашата ќерка дека со тие нозе што ги има може да трча маратон ако сака.
Потсетете ја вашата ќерка, потсетувајте ја често, дека најдоброто нешто што може да го направи со своето тело е да го користи за да може секаде да го пренесе своето прекрасно срце!