Бебешкиот плач, иако крајно непријатен за родителите, всушност е начин на комуникација и изразување, особено оној прв плач кога бебето штотуку ќе се роди.
Меѓутоа, ако плачењето е без причина, се случува систематски, континуирано и ништо не може да го смири, родителите се обидуваат да го „решат“ потпирајќи се на тајните трикови споделени од пријателите или користејќи „стари и проверени“ бабински методи.
Како „науката“ го смирува бебето?
Овој трик се базира исклучиво на научни факти и податоци, а се нарекува „транспортна реакција“. Го поттикнува спиењето и му помага на бебето да се смири и да заспие.
Истражувањата покажуваат дека ќе можете да го заспиете вашето бебе и да го смирите ако ја следите шемата – одете – седете – спијте. Ако бебето е немирно, плаче и не можете да го заспиете, научниците советуваат да го земете во раце, да шетате низ собата и да го галите околу 5 минути, а потоа да седнете со бебето наместено во седечка положба околу 5. минути, а дури потоа обидете се да го заспиете.
„Магионичари“
На Балканот, како одговор на прашањето како да се смири бебето, бабите наведуваат дека е потребно „да се разбере зошто детето плаче“. Ако е гладно, колку и да го галите, нема да го заспиете. Токму разбирањето на малите човечиња и топлиот однос со нив ги прави нашите баби „магионичари“ во смирувањето на бебето.
Исто така, бабите со векови знаат дека бебето го смируваат звуците – пеење, бели шумови, звукот ш-ш-ш, отчукување на часовникот, отчукување на срцето, па затоа инстинктивно го ставаат бебето на градите за да го заспијат.
Не толку одамна, бебињата традиционално беа цврсто завиткувани во пелени, а целта на тоа беше токму да се смират, бидејќи повивањето наликува на „меката прегратка“ од матката.
Трикови на бабите ширум светот:
Пакистанските баби имаат свои трикови и совети, од кои најважен е да го извадат бебето од собата, односно да ја сменат околината за да му го одвлечат вниманието;
Англиските баби го тапкаат бебето по грбот за да престане да плаче;
Чилеанските баби го избегнуваат бебето ако е тажно или напнато, бидејќи веруваат дека ако го гушнат во толку лош момент, ќе му ја префрлат својата негативна енергија и тоа уште повеќе ќе плаче.
[…] Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“. […]