Како изгледа одблизу шиењето после пораѓање (ВИДЕО)

Во текот на природното породување, многу мајки имаат епизиотомија или пак доаѓа до пукање на перинеумот. Епизиотомијата е засек што лекарите го прават на перинеумот, за да не дојде до премногу силно распукување или поради некои посериозни проблеми.

По раѓањето, овој рез мора да се зашие, а една бабица, Џон Ленокс, сакала да покаже како всушност тоа изгледа. Во видеото таа со помош на кукла покажала како се шие резот.

„Ако луѓето полудат по ова породување кое го симулираме со кукла, тогаш не би сакале да бидат ни во породилна сала“, искрено изјавила таа во своето видео.

Ова видео достигна дури 30 милиони прегледи и им покажа на трудниците и мајките како навистина изгледа сето тоа. Важно е да бидат свесни дека тоа не е ништо страшно, дека епизиотомијата се прави со анестезија за да им помогне при породувањето.

Кога се прави епизиотомија?

Кога бебето и мајката се во неволја, неопходно е породувањето да се направи порано.

Кога бебето е поголемо од просекот.

Кога има компликација поради лошата положба на бебето

Кога постои ризик дека перинеумот на мајката премногу ќе се распукне.

Кога е неопходно да се користат инструменти како што се форцепс или вакуум за да се извади бебето.

епизиотомијапородувањешиење