Ако имате мало дете, веројатно ви е поудобно да се возите со автомобил отколку да користите јавен превоз. Со количка за бебиња не е лесно да се најде доволно простор во трамвајот или автобусот, мора да го забавувате детето и да се уверите дека е безбедно. Сето тоа звучи прилично стресно, и така и е, освен ако не сте во Финска.
Земјата неодамна беше прогласена за најсреќна во светот, според CN Traveler. Причините за освојување на оваа престижна титула вклучуваат фактори како што се великодушност, слобода на избор, очекуван животен век. Но, заборавија да напоменат дека во таа земја е вистинско задоволство да се одгледуваат деца.
Таткото Џош Левин неодамна стана вирален кога покажа како изгледа јавниот превоз во Финска. Поточно, тој се фокусирал на детска игротека која има тобоган, масички, лавиринт и катче за читање исполнето со сликовници. Местото е чисто, а возот не е полн.
Повеќето родители од други земји биле воодушевени од фактот дека вакво нешто постои. Од друга страна, еден Финец прокоментирал: „Не знаев дека ова е неверојатно. За мене е тоа едноставно нормално“.
Левин е роден Њујорчанец кој се преселил во Хелсинки со сопругата и нивните близнаци. Откако неговото видео станало вирално, тој одлучил да покаже повеќе причини зошто финскиот јавен превоз е нешто кон што секоја земја треба да се стреми.
„Возењето во метрото во Њујорк со двојна количка е практично невозможно, но во Хелсинки е лесно и – бесплатно“, открива тој.
Постои уште една причина зошто Финците се сметаат себеси за толку среќни. Тие го прифаќаат концептот дека играта им е наменета на децата, а наставните програми во градинките се базираат исклучиво на игра.