Како треба да изгледа детската чинија со храна, според експертите од Харвард

Децата растат и се развиваат, а за овој процес им треба цела палета на хранливи материи. Правилната исхрана им обезбедува протеини, витамини и минерали кои се неопходни за развој на здрави коски, мускули, органи и ткива. Децата обично се поактивни од возрасните и имаат потреба од енергија за да ги задоволат потребите за физичка активност и игра.

Експертите од Факултетот за јавно здравје на Харвард објасниле како треба да изгледа детската чинија.

„Половина од чинијата наполнете ја со шарени овошја и зеленчук, а другата половина поделете ја рамномерно на целовити житарки и здрави протеини“, советуваат тие.

Колку повеќе зеленчук и овошје, толку подобро
Експертите советуваат децата да консумираат различни видови и бои на зеленчук за да ги внесат потребните хранливи материи во организмот. Тие предлагаат зеленчук без скроб и зелен, лиснат зеленчук.

Исто така, кога станува збор за овошјето, напоменуваат дека е подобро тоа да биде цело овошје, а не овошни сокови, чиј внес треба да се ограничи на една мала чаша дневно.

Намалете го внесот на преработени житарки
Кога станува збор за житарките, тие треба да сочинуваат 30% од исхраната. Се препорачуваат интегрална пченица, кафеав ориз и киноа, а не преработени видови како бел ориз, леб и тестенини.

Протеините се исклучително важни
Експертите забележуваат дека децата мора да консумираат протеини и од растителен и од животински извор. На родителите им се предлага да им послужат на децата грашок, јаткасти плодови, семки, риба, јајца и живина, додека внесувањето на црвено и преработено месо треба да се намали.

детеекспертиисхрана