Кое е најдоброто време за зачнување според новото истражување?

Врз основа на новото истражување спроведено во болница во Шангај, откриено е дека спермата три часа откако мажот ја достигнал кулминацијата, била посилна од онаа во првиот круг. Воедно тогаш сперматозоидите пливаат побрзо и постои поголема шанса да ја оплодат јајце клетката поради огромниот број на протеини во спермата, пренесува Дејли Меил.

Користењето на сперма која настанала помалку од 180 минути откако мажот го доживеал последниот оргазам, ја зголемува стапката на успех на ин витро оплодувањето за една третина.

Д-р Да Ли, која ги водела истражувачките проекти, вели дека е заблуда дека на мажите им требаат помеѓу 24 и 36 часа за да ја надополнат својата сперма по ејакулацијата.

Со години наназад на мажите обично им се советуваше да ја ограничат сексуалната активност за да ги зголемат шансите за бременост, вели докторката.

Сексот се препорачува не еднаш, туку повеќе пати во текот на овулацијата.

Сега е време за промена на мислењето. Нашите податоци покажуваат дека паровите со релативно нормални параметри треба да имаат чест секс во периодот на овулација, вели докторката.

бременостзачнувањеновостисперма