Кога децата се плашат од нешто, верувајте им и проверете! Дете се плашело од чудовиште, во ѕидот нашле огромна кошница со пчели

Детето на Ешли Мејсис Клас почнало да се жали дека во собата има чудовиште. Мајката го поврзала ова со типични детски стравови.

„Го гледавме цртаниот филм „Чудовишта“, а мојата најстара ќерка малку доцнеше со говорот, па го поврзав со тоа. Со сопругот ѝ кажавме дека нема чудовишта, се пошегувавме и ја уверувавме дека нема никој во плакарот“, изјавила Ешли за People.

Детето почнало да има ноќни кошмари, а Ешли и нејзиниот сопруг по неколку недели забележале неколку пчели на нивното поткровје. Тие повикале компанија за контрола на штетници.

„Ни рекоа дека пчелите се медоносни и дека ќе мора да контактираме со пчелар“, се сеќава мајката.

Еден пчелар пристигнал со термална камера за да ја процени ситуацијата, но никој не можел да предвиди што ќе открие. Удрил со чекан во ѕидот во детската соба, а потоа сите останале шокирани.

Пчеларот ја пронашол најголемата кошница што ја видел дотогаш

„Се чинеше како поток од пчели, а од ѕидот што го удри течеше мед“, вели таа.
Пчеларот ја затворил вратата од собата и ја известил Ешли дека ќе мора да отвори голем дел од ѕидот за да ја разгледа ситуацијата одблизу.

„Тој го отвори ѕидот и рече дека тоа е најголемата кошница што ја видел во неговата кариера. Имаше 50.000 пчели кои ја преполнија собата на мојата ќерка“, продолжува Ешли.

Првиот ден пчеларот успеал да отстрани 20.000 пчели и парче саќе тешко 50 килограми, а следниот ден отстранил уште 20.000 пчели. Постојано доаѓаат нови пчели, па пчеларот се враќа и очекува да отстрани уште 20.000.

Штетата надминува 18 илјади евра
„Ѝ кажавме на ќерката дека беше во право и дека го најдовме „чудовиштето“. Ја запознавме со пчеларот кого го нарече ловец на чудовишта“, вели мајката.

@classashley

Replying to @cantthinkofaUsername How did they get in?/Why we didn’t notice them #savethebees #bees #charlotte #honeycomb

♬ original sound – Ashley

Штетата во куќата надминува 18 илјади евра. Покрај околу 50 илјади пчели, пчеларот ја нашол и матицата. Тој успеал да ги пресели преживеаните пчели во живеалиште за пчели.