Еден татко решил да се пошегува со својата ќеркичка и да ѝ го подари „најлошиот подарок досега“. Завиткал банана во украсна хартија и му ја дал на девојчето, а нејзината реакција никого не остава рамнодушен. Девојчето почнува да го отвора подарокот, а кога сфаќа дека станува збор за овошје, на нејзиното лице се појавува искрена насмевка.
„Банана“! Возбудено извикува таа и неколку пати повторува дека добила овошје. Веднаш ја замолува мајка си да ѝ помогне да ја излупи бананата, а штом ќе ја гризне, им кажува на родителите дека е навистина вкусна.
Таткото го споделил видеото, па можете да го погледнете подолу.
I Tried Giving My Daughter The Worst Xmas Gift Ever & I Didn’t Expect This Reaction 😢 pic.twitter.com/44cJytI83m
— LGND (@iamlgndfrvr) December 20, 2019