Кога наместо во кревет, ќе си го најдете детето како спие на полица

Мајка која се претставува како Ксена Кинтана на ТикТок не можела да престане да се смее кога сфатила каде спие нејзината ќерка. Мислела дека девојчето е во нејзиниот кревет, но кога подобро погледнала сфатила дека на перницата има кукла. Отпрвин се исплашила, а потоа го видела своето девојче свиткано на полицата.

„Ќерка ми ми предизвика срцев удар бидејќи спие на полица“, напишала мајката во описот на видеото кое собра 3,4 милиони лајкови.
Во видеото прегледано 13,4 милиони пати, мајката се приближува до креветот на спрат. Во ѕидот има две полици со книги и играчки. Девојчето ги извадило предметите и душекот го заменила со дрвена полица.

„Се обидував да не се смеам бидејќи мојот двегодишен син спиеше. На крајот го разбудив”, додала таа.

@xenaquintanaaa

I seriously can’t… I tried not laughing so hard cause my 2 year old was sleeping.. he ended up waking up. #fyp #motherhood

♬ original sound – Mommymadness
детекреветкуклаполица