Кога немате ништо, немате ни зошто! Зошто браќата и сестрите во традиционалните и сиромашните општества не се караат?

Ривалството меѓу децата денес ни изгледа како природна работа, но тоа не е универзален феномен.

Додека современите родители многу се трудат меѓу нивните деца да владеат љубов и хармонија, а во најдобар случај добиваат само повремено закопување на секирите, родителите во традиционалните општества воопшто не се трудат да ги натераат своите деца да се сакаат едни со други, а тие сепак одлично се сложуваат. Како е тоа можно? Психологот Џудит Рич Харис верува дека постојат две причини за ова:

За почеток, децата во традиционалните општества немаат толку работи околу кои би се карале. Штом се роди ново бебе, целото внимание на родителите е насочено кон него, а постарите деца обично се оставаат на грижа на други – првенствено на постарите браќа и сестри. Тоа значи дека сите деца се во „ист сос“ и дека не им вреди да се натпреваруваат за родителското внимание затоа што нема да го добијат.

Повеќето кавги на децата во развиените општества се однесуваат на работи кои децата во традиционалните општества ги немаат.
Нема тепачки ниту околу играчките, бидејќи и нив ги немаат. Децата си играат со гранчиња и камења, а нив ги има доволно за сите.

Друга причина, објаснува Харис, е тоа што современите родители не го разбираат или прифаќаат природниот поредок меѓу децата, во кој постарите деца владеат над помладите. Бидејќи веруваат во единството меѓу децата, денешните родители се трудат да ја спречат доминацијата на постарото дете, што доведува до негов антагонизам кон помалото. Имено, за да ги „изедначат“ децата, родителите неминовно застануваат на страната на помалото дете, што во очите на постарото дете изгледа како фаворизирање.

Дури и кога ќе се појави во традиционалните општества, трае кратко во најраното детство. Врските меѓу браќата и сестрите се блиски и силни.

„Вашиот брат е вашиот најблизок сојузник, кој прв ќе застане покрај вас во случај на каква било опасност“, објаснува Харис во книгата „Целта на воспитувањето“.

браќадецасемејствосестри