Кога требало да се породи, едвај го нашле бебето! Празна матка, живо бебе (ВИДЕО)

Никој не сака да слуша тинејџерка која е бремена. Да сакаа и да истражеа зошто сум загрижена, ќе откриеја дека бебето не е на вистинското место – ја раскажа на Тик-Ток својата шокантна приказна Тамара Мекпедран. Таа е мајка на четири деца, а имала само 17 години кога првпат забременила.

Таа објасни дека знаела дека нешто не е во ред со бременоста, но дека медицинскиот персонал ја отпуштил од болница бидејќи, со оглед на возраста, не ја сфаќале сериозно.

„Кога хирургот ме отвори за време на итен царски рез во 31-та недела, тој најде празна матка“, вели таа во краткото видео кое брзо стана вирално.

Потоа објавила и подолго видео за да ја објасни целата приказна.

„Не се породив, бев бремена. Го видовме бебето внатре, тоа беше таму. Само не на местото каде што треба“, вели таа.

Тамара објаснила дека имала 17 години кога забременила и дека првиот преглед го направила во 14-тата недела. Кога била околу 20-та недела, Тамара објаснува дека имала крварење и болка, но лекарите тврделе тоа е нормално.

„Завршив на скенирање и открија дека буквално немам плодова вода. Исто така, постоеја и други причини за загриженост за растот на бебето и плацентата”, вели таа.

Во 31-та недела, идната мајка повторно била на болнички кревет поради „недостаток на движење на фетусот“.

„Дојдоа околу пет часот наутро да направат мал доплер и открија дека чукањето на срцето на бебето не може да се лоцира. На крајот го најдоа, но тоа беше загрижувачко. Бебето имаше многу тешка фетална вознемиреност. Ме однесоа во породилното одделение. Тогаш акушерката почна да ме витка на различни позиции.

Се испостави дека бебето седело на папочната врвца, поради што опаднале срцевите удари. Кога решија да ме породат, ме отворија и најдоа празна матка со вреќичка со плодова вода внатре. Целата течност што требаше да ја добијам со ова бебе беше во матката, но бебето го немаше“, објаснува таа.

За да истражат што се случило, хирурзите го пресекле стомакот на Тамара од едниот до другиот колк.

„Открија дека имам дополнителна мала празнина. Таа немаше грло на матка, но имаше јајник и јајцевод и немаше комуникација со мојата вистинска матка. Таму всушност биле бебето и неговата плацента, далеку од нејзината матка и плодовата вода“, вели таа.

Вистинско чудо е што и бебето и таа биле добро, а Тамара објаснува дека оттогаш добила и близнаци и уште еден син кој се родил предвреме. Таа во моментов е повторно бремена и се надева дека ќе истурка до полниот термин.

Comments (1)
Add Comment