Кога улогите ќе се сменат: Кој е најубавиот подарок што сте го добиле од вашите деца?

Девојка по име Лорен решила да ја исполни големата желба на својот татко. За Божиќ му подарила PlayStation 5 и ја снимила неговата реакција на скапиот и посакуван подарок.

„Го изненадив татко ми со PlayStation 5, а неговата реакција беше мојот најдобар подарок“, напиша таа на TikTok до видеото кое собра повеќе од пет милиони прегледи.

На почетокот на видеото, таткото отвора помало пакување, кое содржи нова игра.

„Лорен, ова е за PlayStation 5, а јас имам PlayStation 4“, вели нејзиниот татко. Таа се смее зад камерата, а на лицето на нејзиниот татко се појавува израз на шок и неверување.

„Не, ти не го направи тоа“, ѝ вели таткото на ќерката додека добива друг, многу поголем подарок со нова конзола. Потоа следуваат солзи од среќа.

„Ова е бесценето, но ќе биде тешко да се надмине следната година“, заклучила Лорен.

Дали сте доживеале некое изненадување од вашите деца во облик на подарок? Нешто што не ви било неопходно, но многу сте посакувале да го имате? Нов велосипед можеби? Нешто што додека биле мали вие сте им го купувале нив за некој повод, нешто што не било неопходно, но многу ги израдувало?

@stlaurent

This was actually priceless. But gonna be tough as hell to top for next year #christmas

♬ Snowman – Sia
roditeliдецаподарок