На ученик официјално му е дозволено да се идентификува како волк, пишува Дејли Мејл. Средношколецот од Шкотска е теријанец, односно лице кое се идентификува како животно заробено во човечко тело.
Да, има и тоа. Малку беше родовото неутрално родителство чии застапници тврдат дека е природно да му се дозволи на детето со текот на времето да избере на кој пол сака да му припаѓа.
А бројот на термини со кој се означува нечиј идентитет постојано расте па не е чудно ни што расте бројот на збунети луѓе на кои им поминува пола живот само додека сфатат и ако воопшто сфатат што се.
Па така, имаме ародност, биродност, триродност, панродност, демиродност, родова колебливост или родова променливост и што уште не и навистина станува сè покомплицирано да се биде човек.
Можеби затоа сега се премина не само на колебање во однос на родот, туку и во однос на видот.
Сè поголем број ученици во светот сега се идентификуваат како животни, вклучувајќи лисици, змејови, птици, змии, ајкули, па дури и диносауруси.
Така и овој ученик за кој пишува Дејли Меил, кој се идентификува како волк.
Невропсихологот д-р Томи Мекеј вели: „Во науката не постои такво нешто како дисфорија на видовите.
Не е изненадувачки што го гледаме ова во време кога многу луѓе сакаат да се идентификуваат како нешто што не се, но наместо да му дозволиме на детето да се идентификува како волк, треба да го следиме пристапот на здравиот разум и да му кажеме да се освести и да се фати во костец со самиот себе“.
Претходно оваа година, се појави и веста дека групи корисници на Тик-Ток организирале средби во делови од Велика Британија за оние кои се идентификувале како животни.
Се пишуваше и за 13-годишно девојче од САД кое верува дека е лисица, што ја загрижува нејзината маќеа.
„Во реалниот свет, се трудам да бидам сочувствителен. Цела кариера работам со млади луѓе, така што ништо не ме изненадува, но поради фактот што постои име за оваа состојба, имам чувство дека живееме во зоната на самракот“, го коментира во подкаст овој случај д-р Џон Делони.