Кои се симптомите на вонматерична бременост?

Вонматерична бременост настанува кога оплодената јајце клетка се имплантира надвор од матката, обично во еден од јајцеводите. Јајцеводите се цевките што ги поврзуваат јајниците со матката, а ако јајце клетка се заглави во нив, таа нема да се развие во бебе, а здравјето на жената може сериозно да биде загрозено доколку бременоста продолжи.

За жал, вонматерична бременост не може да се спаси, а истражувањата покажуваат дека таа се јавува кај 1,4 отсто од сите бремености.
Најчести причини за вонматерична бременост се претходните воспаленија на карлицата, претходна вонматерична бременост, операција на јајцеводите, миоми, пушење, операција во карлицата и неплодност, а жените над 35 и под 25 години се многу посклони кон овој вид на бременост.

Како што објаснуваат гинеколозите, постојат неколку симптоми кои може да укажуваат на вонматерична бременост. Ова првенствено подразбира отсуство на менструација, болки во стомакот и вагинално крварење, а во поретки случаи може да се јават и болки во грбот или рамената.

вонматерична бременостјајцеводиматкасимптоми